Автор
ВЕСНА МОЈСОВА-ЧЕПИШЕВСКА
ISBN
978-9989-43-473-0
DOI
821.163.3.09:304.4"19"
Бр. на страни
188
Датум на идавање
2020
Опис
Создавањето на националната литература кај Македонците, како и кај другите Словени, кои долго време се наоѓале под туѓо ропство, е тесно поврзано со свеста за сопствената самобитност, со борбата за национално ослободување и со создавањето на литературен јазик врз народно-разговорна основа. Овие процеси се интензивираат во период од половина век, поточно од осумдесеттите години на XIX до четириесеттите години на XX век, и тоа е период со исклучително значење за целокупниот подоцнежен развој. Македонската литература, во споредба со европската и со низа други словенски литератури, се одликува со нерамномерност во развојот: со забавеност, почнувајќи од османлиското покорување и речиси до средината на XX век, и со забрзаност, во благопријатни услови по Втората светска војна